9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев контра Груби – Да ја расчистиме маглата субвенции ќе има за...

Заев контра Груби – Да ја расчистиме маглата субвенции ќе има за сите граѓани а не само за албанци

spot_imgspot_img

Субвенции ќе има за сите граѓани во земјава без оглед на националноста и сите ќе имаат еднаков пристап до субвенциите, одговори Премиерот на Заев на новинарско прашање на прес-конференцијата со Мила Царовска за националната платформа за учење.

Темата за субвенции стана актуелна откако Артан Груби завчера најави дека ќе сесубвенционираат компаниите кои ќе вработат Албанци или припадници на другите помали етнички заедници.

„Сакам да ја расчистиме маглата. Субвенции ќе има и за Македонци и за Албанци и за Турци и за Срби, Власи, Роми, Бошњаци. За сите во нашата земја и тие ќе бидат еднакво организирани за сите граѓани“, изјави Премиерот на денешната прес-конференција.

Според Заев, Владата ќе подготви стратешки инвестиции со кои ќе се придонесе за вработување на граѓани без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Како пример го наведе Тутунскиот комбинат Куманово, „да ја реактивираме дејноста на тутунот и да се вработат граѓани од целиот регион на Куманово, и Албанци и Срби и Македонци, се разбира, секој според своите квалификации“.

Тој исто така го наведе и проектот за дигитален центар во Општина Карпош за вработување млади луѓе со информатички технологии.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...