5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМлада  Албанка  до Груби и Касами - Престанете да не омаловажувате и...

Млада  Албанка  до Груби и Касами – Престанете да не омаловажувате и прикажувате како неспособни за ваши партиски поени

Артан Груби ветил субвенции за приватни фирми кои ке вработуваат Aлбанци (читај и други малцинства) додека Билал Касами побарал двојазичност во приватни фирми зошто дел од Албанците не знаеле македонски!

Значи дечки, да се разбереме!

Прво, ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости а фала богу здрави и прави, и конкурираме на трудовниот пазар еднакви и со македонци и со германци и други, и тука и во странство!

Не сме нисто помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.

Тоа што вие како партија можете да направите е барем мало делче на кадарот што го вработувате да не биде делегиран од вашата партија туку да им се даде еднаква шанса на сите албанци, без разлика на тоа има или нема вложено труд за партијата (или поседува или не партиска книска).

Второ, ретко кој дипломиран албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државава може да не знаат, ама тие не ви се вракаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.

Двојазичност не можете да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука.

Во приватниот сектор веке постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски јазик и албански, па се до поголеми фирми.

Конечно, престанете да не омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да уште по инфериорни изгледаме од тоа што им се причинуваме на Македонците.

 

Faleminderit šumë, prijatno!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...