6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаБислимовски: Не знам што се буните за покачувањето на струјата, Голф 5-ка...

Бислимовски: Не знам што се буните за покачувањето на струјата, Голф 5-ка и во Македонија и во Германија има иста цена, а струјата таму е многу повисока од овде !!!

Голфот има иста цена и во Германија и во Македонија, а скоро сите имаме автомобили, а од друга страна цената на електричната енергија во Германија е многу повисока, додека ние после Косово и Србија имаме најниска цена на електричната енергија во Европа, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, за ТВ Клан.

Тој појасни дека просечната цена на струјата од 2006 до 2020 година е за 85% порасната, но истовремено е порасната просечната плата во државата.

Според анализите на РКЕ просечната сметка за струја за домаќинствата е 2008 денари месечно. Споредена просечната сметка со платата бележи намалување, во минатото сметката зафаќала 9.08% од плата, па има тренд на намалуавње на 8,49%, па на 7,37%, рече Бислимовски.

Претпоставуваме дека поскапувањетона струјата ќе предизвика револт, рече Бислимовски, и ги повика претставниците на граѓанските организации, што протестираат на разговори да им се помогне на тие категории на кои им е потребна помош.

Протестите на граѓаните се легитимни и сакаме да им помогнеме, рече Бислимовски, додавајќи дека протестите на ВМРО-ДПМНЕ, кои започнаа месец и пол по одлуката се политички театар.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...