13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаКавадарчанец наседнал на измама и го олеснале за 6000 евра-Му се јавил"командир...

Кавадарчанец наседнал на измама и го олеснале за 6000 евра-Му се јавил”командир на полиција во Америка”

. „ На 22.09.2020 г. во Полициската станица Кавадарци, 69-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 евра. Според пријавеното, околу 12.00 часот на домашниот телефон му се јавило лицето и го известило дека неговата ќерка во САД направила сообраќајна незгода во која загинало седумгодишно дете и за да ја спаси да не оди во затвор му побарало 100.000 долари. Според пријавата, 69-годишникот го известил дека има само 6.000 евра кои треба да ги извади од банкарска сметка. Како што било  пријавено, откако ги дал парите, лицето заминало и после тоа не му се јавило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Од ОВР Кавадарци апелираат до сите граѓани да бидат внимателни. Ако  добијат повик,  во кој некој се претставува како претставник на некоја институција, а притоа бара некакви пари,   веднаш да ја алармираат полицијата на 192.

Кавадарчанец наседнал на измама и е олеснет за 6.000 евра, потврдија денеска од полицијата. Добил телефонски повик дека неговата ќерка во Америка прегазила мигрант и за да избегне кривична одговорност треба да уплати 100 илјади долари. Кавадарчанецот, кажал дека толку пари во моментот нема, но може да им даде  6 илјади евра. Измамникот, кој се претставил како командир на полиција, се согласил со понудената сума. Кажал локација каде да се остават парите.  Измамениот постапил по дадените инструкции, но подоцна сфатил дека е измамен и пријавил во полиција. Ова не е сценарио од некој крими филм, туку реалност која се случила во Кавадарци.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...