9.1 C
Ohrid
среда, октомври 21, 2020
Почетна Македонија Каде и да е ќе влеземе во Гинисови рекорди: Македонија рекордер во...

Каде и да е ќе влеземе во Гинисови рекорди: Македонија рекордер во смртност од корона вирусот !!!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот до денес се регистрирани 710 смртни случаи. Македонија е на врвот по бројот починати лица споредено со соседните земји. Министерот Венко Филипче изјави дека во тек се анализите за смртноста на пациентите кои треба да бидат готови за една недела, пишува слободна европа !!

Просечната возраст на починати од коронавирус во земјата изнесува 67 години, според пресметките на РСЕ. Во бројката не спаѓаат околу дваесетина лица за кои Министерството за здравство не ја соопштило точната возраст. Од почетокот на падемијата досега вкупната бројка на смртни случаи изнесува 710 лица. Во просек од 22 март кога беше забележан првиот смртен случај до денес на дневно ниво има по 4 починати лица.

Првиот починат пациент беше 57 годишна жена од Куманово, а најмладата жртва е бебе кое на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија. Бебето кое почина на 30 мај, претходно беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19. Најголем број на починати од почетокот на пандемијата, имаше во јули кога беше забележана и најголема бројка на починати во еден ден. На 2 јули беа регистрирани рекордни 15 смртни случаи како резултат на коронавирус.

РЕКЛАМА

Во јуни нема ниту еден ден без смртен случај. Во јули смртни случаи немало на 22 и 27, а во август на 15 и 23, како и на 4 септември. Најмногу смртни случаи има во Скопје, па во Тетово и Куманово.

За прв пат овој месец има и највисока бројка на починати млади лица, односно на двајца пациенти на 23 годишна возраст и еден на 29 години. Во август пак едно лице на 27 годишна возраст ја загуби битката со вирусот, а и во април беа забележани два смртни случаи на лица помлади од триесет години, односно еден пациент на 25 и еден на 27 годишна возраст.

Министерот за здравство Венко Филипче на последна прес-конференција во однос на смртноста изјави дека се работи на интерни анализи на сите клиники и болници каде што се лекуваат пацинетите заразени со ковид-19.

„Се анализираат податоци како возраст, хронични болести, претходни состојби, времиња на доаѓање во болница, а терапевтскиот протокол е насекаде ист и идентичен и тоа е нешто што често го дискутираме со директорите на клиниките и инфектолозите кои ги лекуваат овие пациенти. Веднаш кога ќе бидат готови овие анализи ќе ги презентираме на јавноста“, рече Филипче.

Институтот за јавно здравје соопшти дека изминатата недела се регистрирани 48 смртни случаи од ковид-19 од 17 града во земјава, што е зголемување од 77,7 отсто во однос на неделата претходно кога починале 27 лица. Споредено со првата недела од септември кога починале 20 лица, како што соопшти институтот зголемувањето е 140 отсто.

Во однос на возраста кај починатите изминатата недела, 32 лица биле над 60 години, 8 на возраст од 50 до 59, 4 од 40 до 49 години, 3 од 20 до 29 и еден случај од 30 до 39 години. Од починатите, 42 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.

Анализите според Филипче би требало да бидат завршени за околу една недела, а во нив ќе влезе и анализата за возраста на пациентите.

Извор: Слободна Европа

- Реклами -