5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКаракачанов  лут, нема Европа – Договорот со Грција беше полош а сега...

Каракачанов  лут, нема Европа – Договорот со Грција беше полош а сега не сакате да го прифатите нашиот кој е со многу јасни услови

Каракачанов  лут– Договорот со Грција беше полош а сега не сакате да го прифатите нашиот кој е со многу јасни услови

Во изјава за ТВ Европа, како што пренесува БГНЕС, Каракачанов рекол дека „тука сѐ е јасно” и потсетил дека поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров за три години не направил ништо за подобрување на меѓусебните односи.

„Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако држи до националните и европските интереси. Пред неколку дена копретседателот на Заедничката комисија, Драги Ѓоргиев имаше остро однесување. Тие луѓе немаат никаква намера да водат искрен дијалог со Бугарија. Сметаат дека може да ги замачкаат работите. Си вообразуваат дека некој во Брисел или во светот ќе ја притисне Бугарија и ние ќе потклекнеме. Очигледно не разбрале како е во РУ и како функционира. Имаа три години да се преиспитаат”, изјавил Каракачанов.

Според него, Договорот на РСМ со Грција бил многу посуров, а во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија е напишано што треба да направи секоја од страните.

Но, РСМ не го почитува тој договор. И затоа лани во октомври дојде до Рамковната позиција на бугарските власти. Тогаш светна сијаличката, за да се сетат во Скопје дека нема напредок, дека тие прават само имитација”, вели Каракачанов.

Во однос на меморандумот од Бугарија до ЕУ, тој додава дека во оваа фаза не гледа некоја желба за заобиколување на документот и дека Бугарија нема да се спротивстави, туку ќе каже дека не е дојдено време за утврдување на датумот за првата меѓувладина конференција.

„Кога некој не е спремен за прво одделение, има предучилишна подготовка. Во моментов говорам во име на Владата”, додал Каракачанов, кој е убеден дека во Парламентот нема да има промена во однос на РСМ .

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...