6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски за Гоце Делчев: Нека го чествува кој сака, тоа може нас...

Пендаровски за Гоце Делчев: Нека го чествува кој сака, тоа може нас да ни прави поголем мерак

Гоце Делчев е македонски револуционер, но и историска фигура, која ги надминува регионалните граници, па поради тоа не е спорно која било држава да ги слави и чествува ликот и делото на револуционерот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.„Тој е македонски револуционер кој придонел многу за нас. Но, за оние кои тврдат дека тој се борел за Бугарија, тоа за мене не е спорно. Секој може да чувствува некого како свој херој. Нека го чевствува кој сака, тоа може само на нас Македонците да ни прави поголем мерак и задоволство. Тоа што нѐ двои треба да треба да нѐ обединува. Ако тие тврдат дека тој бил Бугарин, кој се борел за бугарската кауза, не е спорно да го слават како битен историски лик. Дали за сите историски ликови треба да се расправаме чии се и за кого и за што дејствувале. Дали треба да спориме, на пример, дали Мајка Тереза била Албанка или Македонка или скопјанка…“, рече Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

Извор мкд.мк

 

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...