13.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаУапсени пет лица во Тетово-Насилно влегле во домот и малтретирале мајка и...

Уапсени пет лица во Тетово-Насилно влегле во домот и малтретирале мајка и ќерка

Петмина тетовци, меѓу кои и 17-годишник, вчера биле уапсени поради разбојништво кое го извршиле на 9 август во стан на ул.„Маршал Тито“ во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината ќерка.

Вчера, исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата на двајца од приведените, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, два боеви и три куршуми за гасен пиштол и два метални пендреци.

Сите пет лица се задржани во Полициската станица Тетово и во текот на денот, со соодветен поднесок, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

 

извор: Makfax

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Откриен мотивот за нападот во црква во Сиднеј

Австралиската полиција во вторникот соопшти дека нападот со нож врз епископот на асирската црква и некои следбеници во Сиднеј бил терористички акт мотивиран од...

Поранешната касарна во Охрид ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа.

Во склоп на поранешната касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа. Согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно...

Државата е оштетена за над 2,5 милиони евра- ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“

Повеќе од илјада граѓани добивале социјална помош иако според правилата не трбало да добиваат, соопшти министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска...

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...