9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаНародот нема за леб а Заев троши милиони за кондоми и лубриканти

Народот нема за леб а Заев троши милиони за кондоми и лубриканти

Над 100.000 граѓани го поминуваат денот со 50 денари на ден, а  немаат ниту за леб, а Заев дава неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти. Набавка на 187.000 кондоми и 50.000 лубриканти на државна сметка во време на огромна сиромаштија и страшна пандемија е класично расипништво и расфрлање со нашите пари, реагира Стефан Стефановски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата ќе потроши неколку милиони денари за набавка на кондоми и лубриканти, а нема ниту денар за компјутери или брз интернет за децата кои ќе мора наставата да ја следат од дома, а кои дел од нив немаат за компјутери, а дел немаат брз интернет. Но секако тоа не е важно за власта, бидејќи изборите поминаа, а со тоа и потребата да се покаже грижа за народот исто така. Функционерите во зградата зад мене мислат дека си обезбедиле четири години мандат, со високи плати, големи привилегии и моќ, и со тоа автоматски можат да прават што сакаат. Имаат пари да одвојат неколку милиони за кондоми и лубриканти, а немаа ниту денар четири години наназад да направат нов студентски град, ниту пак да реновираат или доградат некој од постоечките домови. Милиони се даваат за кондоми и лубриканти, а дел од учениците како од основните, така и средните училишта немаат учебници, ниту електронски, ниту печатени. Владата е расипничка и не се грижи за нас учениците, студентите, граѓаните воопшто. 40.000 наши сограѓани останаа без работа поради пандемијата од коронавирусот и неспособноста на власта да ги зачува нивните работни места. Тоа се 40.000 граѓани, односно наши родители, браќа, сестри, познаници, порача тој.

Стефановски продолжува:

„Во 40.000 семејства мака се мачи како да се помине месецот, а некои деца страдаат за леб, а Зоран Заев нема проблем наместо да им помогне да даде неколку милиони денари за кондоми и лубриканти.

Во Македонија имаме 17 илјади заболени од коронавирусот до сега, во ек на пандемија фалеа маски, ракавици и дезинфициенси, а немаше ниту тестови па се примаа донации, а владата дава милиони за кондоми и лубриканти.

Мафијата троши на кондоми, а народот нема за леб. Ова лудило мора да запре“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...