9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаУтре ќе има протест и контра протест: Полицијата ќе протестира за подршка,...

Утре ќе има протест и контра протест: Полицијата ќе протестира за подршка, а Ромите против полициската бруталност !!!

spot_imgspot_img

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја осуди полициската бруталност и рече дека ваквите дела најстрого ќе се санкционираат
По инцидентот во кој битолчани од ромската заедница беа тепани од полициски службеници откако направиле сообраќајка, на социјалните мрежи се најавуваат два протеста – еден против полициската бруталност, друг за поддршка на полицајците.

Протестот против полициското насилство е најавен за утре напладне, а граѓаните ќе се движат од Главната пошта во Битола до седиштето на битолската полиција. Него го организаира иницијативата „Аваја“ заедно со здруженијата, „Ромалитико“, „Романо Авази“, „Ромаверзита“, „Баирска Светлина“, „Сумнал“, „Ромско Јато“.

На социјалните мрежи се најавува и протест за поддршка на полицајците.

Тој е најавен за во среда, а ќе се бара повлекување на кривичните пријави и дисциплински постапки против полициските службеници, кои како што стои во повикот, биле нападнати и неправилно суспендирани. Најавено е дека демонстрантите ќе се движат по Широк Сокак, а протестот ќе заврши пред СВР Битола и Јавното обвинителство.

Откако случајот беше објавен на социјалните мрежи, МВР преку Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал против еден од полициските службеници поради физичко насилство. Против него е покрената и дисциплинска постапка и суспензија од работа.

360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...