9.9 C
Ohrid
недела, септември 15, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Со жалење ја примив веста дека уште еден медицински работник од...

Филипче: Со жалење ја примив веста дека уште еден медицински работник од Охрид ја изгуби битката со Ковид-19.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил изрази жалење за починатата медицинска сестра од болницата во Охрид, која ја загуби битката со Ковид-19.

-Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19, медицинска сестра од болницата во Охрид. Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата, напиша министерот.

Тој додава дека медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик.

– Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа. Да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници, порачува Филипче./МИА

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Утрово падна снег на Пелистер

Планинарите кои го посетија денеска Пелистер, на социјалните мрежи објавуваат фотографии со снег и бела покривка. Иако и натаму календарски е лето, сепак, ниските температури...

Претседателката Силјановска-Давкова се сретна со Радев во Софија

Шефот на државата Румен Радев ја пречека македонската претседателка, Гордана Силјановска-Давкова во Софија. Двајцата ќе одржат кратка средба. Во областа каде што е средбата...

Докторка од Гевгелија – 7 години работела со фалсификат диплома !!!

Докторке!“. Вака ѝ се обраќале и колегите и болните во ЈЗУ Општа болница Гевгелија, каде таа облечена во белиот мантил, во своите раце...

Откриен идентитетот на жртвите од фаталната несреќа во Гостивар.

Тургај Ризванче и Бекир Хоп се двете жртви во трагичната несреќа што се случи во четвртокот вечерта на автопатот Гостивар – Кичево, пред ресторанот...