9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЕлена Ристеска: Немам среќа во љубовта, па затоа размислувам да посвојам дете.

Елена Ристеска: Немам среќа во љубовта, па затоа размислувам да посвојам дете.

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна започна сопствен бизнис односно козметичката линија „ЕРА“.

Пејачката гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде што зборуваше за својот нов бизнис, од каде идејата за „ЕРА“, за музиката, за својот приватен живот…

Ристеска прозбори и за својот љубовен живот.

„Мислам дека нема нешто попаметно од тоа човек да се заштити себеси од непотребни и пријателства и партнери, па и соработки. Ако видите од самиот почеток дека некоја приказна нема иднина, подобро да не влегувате во некоја приказна во која го знаете исходот. Навистина многу ми пречи човек кој нема еднаква амбициозност како мене“ вели Ристеска и додава:

„Се додека не најдам човек кој е еднакво амбициозен како мене, кој што единствениот порок ќе му биде да биде работохолик и да јаде слатки, ако тоа му единствениот порок, тогаш тој е вистинскиот за мене. Ако вашиот партнер не ви е вистински другар, нема никакви шанси да успеете професионално“, вели пејачката.

 

На прашањето дали размислува за мајчинство, таа вели:

„Сите ние на 30тина и нешто години најверојатно размислуваме за мајчинство. Најважно е дека дете не се прави со било кој. Не е тешко да имате дете во овој 21 век, постојат многу медицински иновации со кои може да го имате тоа дете, некогаш дури размислувам да си повојам детенце се додека не се појави некоја личност со која ќе имам свои деца“ додава Елена.

Целото интервју погледнете го видеото подолу.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...