8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗголемен е бројот на кражби во каналот Студенчишта во Охрид

Зголемен е бројот на кражби во каналот Студенчишта во Охрид

Се поголемиот број закотвени пловила во каналот Студенчишта ги зголеми и апетитите на крадците. Се почесто во последно време се случуваат кражби врз пловилата. Се крадат мотори и други вредни делови. Крадците се почесто оперираат самостојно и во група во доцните вечерни часови.

Но освен што се поголемиот број пловила го зголемува ризикот од кражби, истовремено во голема мера го загадува каналот кој не смее да претставува марина и притоа да го загрозува животот на флората и фауната.

Инаку досега неколкупати се начна темата за изградба на соодветна марина во Охрид која ќе нуди безбедност на пловилата и пред се ќе биде еколошки поддржана но сите проекти и идејни решенија беа безуспешни. Екологистите апелираат што поскоро да се најде соодветна локација за да се намали притисокот врз каналот но и да се контролира загадувањето врз езерото.
24 vesti

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...