8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВенко Филипче: Нема да има никаков полициски час или пак карантин, само...

Венко Филипче: Нема да има никаков полициски час или пак карантин, само ќе им биде скратено работното време на угостителите !!!!

Бројот на смртни случаи од корона вирусот се намалува, освен еден мал пик кој го имаше пред неколку недели, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема. Според него многу е тешко е да се утврди кои се фактори кои приоднесуваат за смртноста.

– Се уште има пациенти кои доаѓаат многу доцна кај лекарите, во болниците. Ние секогаш за време на кзризата немавме таква криза да нема болнички кревет за да се смести болен, рече Филипче и додаде дека со оглед на моменталната состојба нема да има ниту карантин, ниту какви било ограничувања на движењето. Уште најави и дека единствено е можно кратење на работно време на угостителските објекти бидејќи таму се собирале поголеми групи граѓани.

Инаку, бројката на починати денеска достигна 729 лица. За разлика од двамилионска Македонија каде се починати околу 730 лица од почеток на пандемијата, во четиримилионска Хрвватска се починати околу 270 лица или речиси три пати помалку починати од корона вирусот за разлика од кај нас.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...