9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонија500.000 Македонци потврдиле дека им било барано мито !!

500.000 Македонци потврдиле дека им било барано мито !!

spot_imgspot_img

Истражување на МЦМС

Корупцијата цвета во Македонија и претставува еден од најсериозните проблеми. На половина милион граѓани, минатата година барем еднаш им било побарно мито од страна на државен службеник, потврдуваат податоците на најновото истражување на МЦМС, јавува Радио Слободна Европа. Според проекцијата на истражувањето, околу четиристотини илјади граѓани, барем еднаш лани поткупиле некого.

Во извештајот на МЦМС пишува дека многу е ниска стапката на ефикасност на институциите во борбата против корупцијата. Имено, ako се спореди бројот на лица кои во 2018 година беа обвинети за злоупотреба на службената положба и за за примање и давање поткуп, кој изнесува 95 лица со бројот лица кои им е побаран поткуп, добиваме 0.024% стапка на ефикасност на институциите.

„Во однос на вклученоста во корупцијата, ако претпоставиме дека се работи за поединечни случаи, зборуваме за потенцијално минимум 388.363 сторени дела. Ако го споредиме тоа со збирот на обвинети лица во 2018 година за злоупотреба на службена должност и обвинетите лица за примање и давање поткуп (вкупно 95 лица), добиваме стапка на ефикасност на институциите од 0,024%, односно толкав е процентот на случаи кои се обработуваат наспроти оние кои претпоставуваме дека се случуваат“, пишува во последниот извештај на МЦМС.

Перцепцијата дека корупција претставува круцијален проблем во Македонија се искачи за едно место погоре во однос на лани, односно сега е на четвртото место веднаш после невработеноста, политичката нестабилност и ниските приходи како клучни проблеми.

Истражувањето покажува дека за околку 80 проценти од македонските граѓани сметаат оти водечките фактори за широко распостранета корупција се неефикасноста на судскиот систем во борбата против корупцијата, желбата за брзо и лично богатење на оние кои се на власт и недостаток на строга административна контрола врз корупцијата.

Од друга страна пак, податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на осудени лица за давање или примање на поткуп е многу мал. Најголем број на виновни лица за давање и примање поткуп е 24 во 2008 година а најмал во 2018 година каде бројот изнесува 2.

Загрижува податокот дека најмладите се најтолерантни кон корупција. Имено, толеранцијата односно прифатливоста на корупцијата е поголема кај младите на возраст од 18 до 29 години споредено со другите возрасти. Така на пример за 32,1 процент од младите на оваа возраст е неприфатливо да дадат пари за да решат некој проблем, а 65 проценти од нив би дале пари доколку не постои друг начин да го решат проблемот, покажува анкетата.

Четири од пет анкетирани граѓани сметаат дека судиите и јавните обвинители се најкорумпирани. Покрај нив големо мнозинство околу 77 проценти од анкетираните сметаат дека пратениците, министрите, лидерит на политичките партиии и локални лидери се најкорумпирани професии. Нешто повеќе од една третина во најкорумпираните професии ги вметнуваат и банкарите и наставниците.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...