10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски осуден на казна затвор од 1 година и шест месеци, а...

Груевски осуден на казна затвор од 1 година и шест месеци, а Јанакиески условна казна за „Насилството во Центар

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од една години и шест месеци, а екс министерот Миле Јанакиески на условна казна затвор за „Насилството во Центар“. Условна казна затвор добија и останатите обвинети.

Јанакиески доби условна казна од 1 година затвор, ако во наредните 4 години стори друго кривично дело.

Обвинетиот Александар Трајковски, пак, условно е казнет или ќе одлежи 9 месеци ако во следните 3 години стори ново кривично дело.

Пресудата денеска беше презентирана во Кривичниот суд, при што судијата истакна дека обвинетите се прогласени за виновни

Овој случај беше отворен за насилството што се случуваше на протестите на 7 и 10 јуни 2013 година пред просториите на Општина Центар. Според обвинителството, протестите ги организирал врвот на ВМРО-ДПМНЕ, а целта не била да се спречи рушење на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“ како што се прикажуваше, туку да не дојде до промена на ДУП за „Мал ринг“.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...