10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласи Никола Груевски за пресудата: ''Можете да ме судите но не...

Се огласи Никола Груевски за пресудата: ”Можете да ме судите но не и да ме затворите, вие мислите дека вечно ќе владеете.. но тука сте се излажале” !!!

Нема правда во Македонија. Неправдите растат секојдневно. Ги има многу и се повеќе а дел од нив е и политичкиот прогон кој не запре и оваа есен доби нова динамика, пишува азилантот Никола Груевски на Фејсбук по новата пресуда на Кривичниот суд со која доби 118 месеци завор за „Шамарите во Центар“.

-Власта на чело со Заев е во параноично-пародичен поход и обид да креира едно привидно чувство и престава дека правдата некого стасала. Тоа започна одкако претходно одбра една поголема група на луѓе за политички прогон, заради чија професионална, посветена и успешна работа, тој и неговата партија беа цели 11 години инфериорни и во опозиција, а дојдоа на власт со крајно нечесни методи. И заради чии чесен однос кон најважните национални прашања денес тој е доживеан како антипод на една праведна национална борба за името, идентитетот и историјата. Нивното време на владеење го потсетува и обелоденивњето на неговите методи на барање поткуп во градот каде беше градоначалник, што јавноста го виде. Во време кога нема вистински одговор на економските проблеми на граѓаните и во време кога повеќето фирми се изложени на рекет, сакајки да прикаже наводен успех пред јавноста и меѓународната заедница, тој е во поход таквите од него лично одбрани луѓе, насила да ги направи криминалци, да ги оцрни и затвори. Да се изживува и да ужива во честитките на лицемерната, интересџиска и сеирџиска околина, која не е свесен еден ден што ќе говори за него, всушност она што денес го мисли но не му го говори, пишува Груевски.

Нема правда во Македонија. Неправдите растат секојдневно. Ги има многу и се повеќе а дел од нив е и политичкиот прогон…

Posted by Nikola Gruevski on Вторник, 29 септември 2020

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...