14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветПациент почина откако по грешка му вбризгале дезинфициенс во вената !!!

Пациент почина откако по грешка му вбризгале дезинфициенс во вената !!!

Шеесет и двегодишен пациент починал во загребската болница откако медицински персонал во болницата за време на хемодијализа во вената му вбризгале недозволиво средство односно дезинфициенс.

Болницата прво објави дека е инјектирана погрешна супстанција, додека подоцна управникот на болницата, д-р Томислав Новинчак, рече дека медицинскиот пепарат на пациентот му бил даден интравенски наместо локално.

Запрашан како е можно да се случила таква грешка, д-р Тошиќ-Грлач вели дека дезинфициенсот во болниците е вообичаено средство кое се наоѓа на количките на медицинските сестри.

„ГРЕШКАТА Е МОЖНА И, ЗА ЖАЛ, СЕ СЛУЧИ“, РЕЧЕ ТАА, ПРЕНЕСУВА ПОРТАЛОТ „ИНДЕКС“.

Според соопштението на болницата врз пациентот, кој бил во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус, завчера била извршена рутинска терапија на хемодијализа.

„За време на постапката интравенски е применето недозволливо средство кое инаку рутински се применува локално кај такви и слични постапки. И покрај моментно преземените мерки за максимално интензивно и реанимациско лекување, настапи мултиорганско затајување на органите и смрт на пациентот, па е индицирана обдукција – се наведува во соопштението од болницата.

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВИЛИ БЕРОШ, ВО ЗАГРЕБ ИЗЈАВИ ДЕКА ВО БОЛНИЦАТА Е ИСПРАТЕНА ЗДРАВСТВЕНА ИНСПЕКЦИЈА И ПОТВРДИ ОТИ ПОСТОИ СОМНЕЖ ЗА СТРУЧНА ГРЕШКА.

Телото на 62-годишникот е пренесено во Институтот за судска медицина и криминологија во Загреб, каде што треба да се утврди од што точно починал.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...