11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаАнтикорупциска отвори предмет против Лидија Димова за злоупотребa на фондови на ЕУ

Антикорупциска отвори предмет против Лидија Димова за злоупотребa на фондови на ЕУ

Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет по анонимна пријава за злоупотреба на средтсва од фондови од ЕУ од европските програми како Еразмус плус, Еуридика од страна на директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.

Пријавата е доставена и до МВР, Управата за финансиска полиција, а известени биле, меѓу другите и УО на оваа Национална агнеција, како и генералниот секретаијат на владата, СЕП, МИОА. Нури Бајрами член на Антикорупциската комисија на денешната прес-конференција информира дека заради утврдување на фактичката состојба за наводите во пријавата, побарани се информации и од МОН како основач на оваа национална агенција, од Државниот просветен инспекторат и Инспекторатот за труд.

– На 26 јуни, годинава добивме инфомации од МОН дека е спроведен надзор и констатирани се финансиски неправилности, односно пропусти, материјална штета, по што од Министерството е поднесена кривична пријава до ОЈО – рече Бајрами.

Пријавата подоцна била надополнувана до Управата за финсиска полиција. Државниот иснпекторат за труд, меѓу другото, констатирал дека од директорката Димова биле склучени 107 договори кои произлегуваат од јавни повици за анализа, за ангажирање стручни советници, но констатирал дека постапките не се водени како што треба при склучување на овие договори.

Од ДКСК побарале и информација и добиле потврда од ОЈО дека постапката по овој предмет е во тек.

Овој случај ќе биде пријавен од МОН во октомврискиот извештај што секоја година го испраќа до ЕК земјата, а на почетокот на јуни, бил пријавен и до канцеларијата при Министерството за финансии – АФКОС, одделение за борба против измами на европски средства.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...