9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаД-р Драган Даниловски: Ова што ќе ви го кажам можеби е грубо...

Д-р Драган Даниловски: Ова што ќе ви го кажам можеби е грубо но глупаво е да се носат заштитни маски на отворено !!

spot_imgspot_img

Нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој посочи дека последниве денови започна повторно да се зголемува бројот на новозаболени од вирусот и на хоспитализирани:

„Од 27-ми септември Македонија забележува нагол пораст на регистрирани на заболени од КОВИД-19, но и на хоспитализирани.

Бројот на хоспитализираните, а не бројот на позитивните кои што се утврдуваат е по релевантен, веродостоен показател за динамиката на епидемијата. Исто така параметар се и бројот на поч инатите.

Бројот на починатите во последниве недели на некој начин имаше блага тенденција на опаѓање, мене тоа на некој начин ме натера да верувам дека започна да стивнува вирусот. Меѓутоа еве сега гледаме дека имаме веќе и зголемување на бројот и на поч инатите“, истакна Даниловски.

Но, бројот на хоспитализирани е релевантен и поверодостоен покатазел за динамиката на една епидемија. Според него, вирусот имаше мутација во месец април, стана поинфективен, но тоа немало реперкусии врз тежината на клиничката слика.

Професорот Даниловски проговори околу вакцината. Тој смета дека таа не треба да биде задолжителна за сите, туку само за ризичните групи, како и постарата популација, од 65 години нагоре.

Д-р Даниловски смета дека нема втор, трет, четврти бран на пандемијата, туку една константна крива, која сега во текот на есенските месеци ќе се зголеми и поради тоа, сите треба да бидат одговорни.

-Видете, ќе звучи можеби малку грубо, но според мене, глупо е да се носи маска кога се движите на отворено. Особено ако во околината нема никој.

Но, ако во ваша близина има некој, особено ако некој се искашлал, вие сте во ризик и поради тоа, кога сте во близина на луше, на помало растојание, треба да се носи маска.

Многумина не носат маска и едноставно не веруваат во вирусот. Тоа пред сè се должи на нашето лошо образование во изминатите триесет години и недоволната едуцираност на одреден слој од населението.

-Пазете, кога сте дома, вие можете што сакате да правите, но кога ќе излезете надвор, вие веќе имате одговорност и спрема другите. Тоа е таа таканаречена, колективна одговорност. Исто како кога ќе се вклучите во сообраќај, доколку не почитувате правила, можете да ја загрозите и безбедноста на други учесници во сообраќајот.

Поради тоа и поради тоа што постојат такви поединци, државата мора да превземе соодветни мерки, за да ги заштити одговорните граѓани и колективитетот, потенцираше проф. д-р Драган Даниловски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...