10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСостанокот е завршен: Министерот Венко Филипче ги соопшти новите мерки !!!

Состанокот е завршен: Министерот Венко Филипче ги соопшти новите мерки !!!

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека на консултативната средба со Комисијата за заразни болести е договорено да се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците за да се утврди точно начинот на трансмисија на вирусот во повеќе општини, односно градови во државата.
„Врз основа на тоа ќе заземеме став дали се потребни некакви мерки кои што би ги препорачале понатаму до Владата. Уште еднаш апелирам до сите граѓани да се почитуваат мерки. Очигледно дека сме пред почеток на една новонастаната есенска ситуација, којашто ја очекувавме. Ќе има дополнителни мерки доколку има зголемен број на заразени. Но, точната анализа на епидемиолошките прашалници ќе ни укаже на тоа која од мерките треба да ја препорачаме и во кој временски период.“ – изјави министерот Филипче. На прашањето дали се размислува уште неделава да се воведе една од мерките коишто беа најавени, а се однесува на намалување на времето на работа на угостителските објекти или ограничување на бројот на маси, министерот Филипче изјави дека тоа ќе зависи од податоците коишто ќе произлезат од епидемиолошките прашалници.
„Има уште неколку мерки коишто ги најавивме, но сакаме да се точно димензионирани и да ги препорачаме според оние податоци коишто ќе ги добиеме. Денеска и утре, во текот на викендов ќе работиме, па ќе излеземе со соодветни препораки“, рече министерот Филипче.

тв 21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...