11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаВселенската Патријаршија ќе ја повика МПЦ во канонско единство, со цел да...

Вселенската Патријаршија ќе ја повика МПЦ во канонско единство, со цел да се реши децинискиот спор во Македонија.

Вселенската патријаршија ќе ја тргне шизмата од МПЦ, како прв чекор кон конечното решение за деценискиот црковен спор.

Вселенската патријаршија нема намера да отстапи од процесот на решавање на црковното прашање во Македонија, туку напротив и покрај сите притисоци и закани од Руската црква и нејзините поддржувачи во Грција и во Србија е подготвена да го реши деценискиот спор во Македонија.

Вселенската патријаршија, во изјава за „Етникос Кирикас“, која побарала став за писмата што Премиерот Зоран Заев и Претседателот Стево Пендаровски ги испратија, открива и детали, дека не само што не е спорен процесот, туку дека досега се направени неколку чекори, кои водат кон крајната цел дека Вселенската Патријаршија се движи кон конечно решение на проблемот со нашата Црква.

Во одговорот до агенцијата јасно се чита дека Вселенската Патријаршија ќе го примени истиот модел како што тоа беше во Украина, а тоа прво да го отстрани расколот од МПЦ и ја тргне шизмата за да можат нашите владици да сослужуваат со владиците на Вселенската патријаршија, а потоа се оди на процес на потпишување Томос за автокефална црква.

Тоа практичко значи дека при воспоставувањето на црковното единство од страна на Вселенската Патријаршија, архиереите на МПЦ-ОА ќе бидат примени во литургиско општење. Односно Вселеснаката Патријашија дефакто ќе ја признае овдешната црква таква каква што е. Иако конечниот статус на помесната Црква нема да биде веднаш дефиниран, тоа нема да има никакво влијание врз Светиот архиерејски синод, кој ќе ја задржи својата самостојност и право на одлучување и раководење, така што досега воспоставениот статус и правното, внатрешно функционирање на МПЦ-ОА ќе остане непроменето. Истиот метод беше применет и во Украина, каде што ваквиот период траеше неколку месеци, пред да биде доделена автокефалијата.

-Факт е дека веќе со векови постои овој проблем, за чие решение Вселенската Патријаршија како Мајка Црква на сите Балкански цркви – но и на други – до денес има направено многу обиди, грижејќи се за единството на Православието. Во овој момент прашањето влезе во нова фаза. Превосходните Претседател и Премиер на Северна Македонија, како продолжение на сличното барање од страна на нивната Јерархија, бараат Вселенската Патријаршија да им помогне да влезат во општење со останатиот Православен свет, при што нивната Црква ќе се нарекува ‘Охридска Архиепископија’, пишува Вселенската Патријаршија во одговорот до агенцијата.

Меѓудругото открива дека првиот обид да се дојде до решение е направен во јануари 2020 година, кога претставници на Патријархот Вартоломеј биле на разговори со МПЦ и со СПЦ и дека било побарано делегација на двете цркви да отпатува во Фанар на средби, заедно со претставници на Јовановата ПОА, за која Вселенскиот Патријарх предлага да се обедини со МПЦ, но тие одбиле.

-Вселенската Патријаршија, како продолжение на своите обиди за затворање на оваа црковна рана во телото на Православието, скоро пред една година испрати повеќечлена комисија во Белград, која имаше опсежни разговори со најсветата Црква на Србија. На 17 јануари 2020 година ја покани оваа сестринска Црква да испрати во Фанар нејзина комисија од Северна Македонија, во која ќе биде вклучен и Охридскиот Архиепископ Јован, за овде да оствари разговори со него и со комисија од Црквата во Скопје, но Црквата на Србија сѐ уште нема одговорено, та затоа Вселенската Патријаршија ѝ испрати нова покана, споделувајќи ги и погоре споменатите писма на Нивните Превосходства. Страната на Скопје потсетува дека нивната Црква не е прогласена за расколничка од догматски или богословски причини, односно за прашања на верата, и се повикува на правото на апелациско прибегнување во Константинопол, право кое Вселенската Патријаршија го има врз основа на одлуките од Вселенските Собори, задолжителни за сите Православни, на оној начин како што се доживувани и применети од страна на осветената пракса на Црквата низ вековите, стои во одговорот од Вселенската Патријаршија.

Во одговорот до грчката Агенција, потсетува дека во моментов не е најважно прашањето за автокефалијата на Црквата, но лекувањето на еден раскол, за кое сите имаат свештен долг, а особено Мајката Црква Константинополска, правејќи паралела со Бугарската црква, која на ист начин, преку канонско единство со Вселенската Патријаршија, стаса до своја Автокефалност.

– Сите имаат свештен долг, а особено Мајката Црква Константинополска, исто како што направи и во случајот на Бугарскиот раскол, и тоа во 1945 година, односно многу кратко после трагичните историски настани во Драма и во пошироката област на епархиите на Вселенската Патријаршија во Северна Грција. Само ѓаволот не се радува на лекувањето на расколите, зашто самиот ги поттикнува и го посакува нивното векување. Ние сме уверени дека со благодатта на Светиот Бог, нашите стапки ќе бидат наставени на правиот пат заради доброто на Црквата, заклучува Вселенската Патријаршија.

флеш.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...