8.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаДо вчера во Охрид немаше игла каде да се фрли, сега комисијата...

До вчера во Охрид немаше игла каде да се фрли, сега комисијата размислува за нови рестриктивни мерки??!!!

До пред неколку месеци низ туристичките места немаше игла каде да се фрли, се одвиваваа работите во најнормален ред и покрај тоа што не се почитуваа мерките на држење растојание носење заштитна маска и.т.н бројот на заболени повторно беше од 140 до 170 во еден ден. Сега кога се почитуваат сите мерки и секој носи маска комисијата сака да воведе нови рестриктивни мерки за продолжениот викенд што не очекува??!!

Анализата на епидемиолошката состојба ќе покаже дали Комисијата за заразни болести во понеделник ќе даде препорака до Владата за одредени рестрикции. Епидемиолози преку анкетните прашалници на случаите со Ковид 19 утврдуваат дали има кластери и колку свадбите, веселбите, журките и крштевките се причина за над 200 случаи во едно деноноќие.

 

Здравствените власти демантираат дека засега е донесена некаква одлука, но доколку резултатите од анализите се неповолни тогаш според информации на Сител наредната недела Комисијата најверојатно ќе препорача угостителските објекти да работат до 22 часот, да има преполовување на бројот на патници во јавниот превоз и во одредени установи работниот процес да биде организиран со работење во групи. Во Скопје каде последните денови има и најмногу новозаразени, од Центарот за јавно здравје велат дека освен една фамилија со 5 лица кои имаат Ковид 19, останатите се поединечни регистрирани случаи во речиси сите општини а доминираат во Аеродром и Центар. Ригорозни мерки засега нема да има а тоа го потврди и министерот Филипче по синоќешната посета во Кочани.

-Карантин нема да има бидејќи тоа е контрапродуктивно и се покажа дека кога и да имавме вакви мерки по нивното укинување доаѓа до зголемување на бројот на случаи, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Од министерството за здравство денеска побараа разбирање и почитување на мерките и од учениците поради сериозната епидемиолошка состојба. За здравствените власти најавите за бојкот на он лајн наставата и непочитување на протоколите е недозволиво и го отежнуваат процесот за справување со корона кризата.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...