9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: НАТО ќе ни помогне да се приклучиме на терминалот за гас...

Заев: НАТО ќе ни помогне да се приклучиме на терминалот за гас во Грција.

spot_imgspot_img

Македонија се приклучува во енергетски проекти и станува коридор преку кој ќе може да се снабдуваат со гас земјите од регионот и оние што ќе изразат интерес.

Владата изразила интерес за вклучување во изградба на интерконекторот во Александропулос, а поддршка за реализација на проектот е изразена од САД и на средби во Грција.

– Со поддшка на САД како наш стратешки партнер и сојузник во НАТО, С. Македонија во наредниот период ќе иницира неколку проекти кои ќе бидат значајни за земјата и регионот. Станува збор за вклучување на земјата во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас на нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес. Ова поврзување со Грција, со поддршка од САД и ЕУ, ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години, истакна премерот Заев вчера по средбата со помошникот државен секретар за енергетика на САД Францис Фанон.

Како што потенцира премиерот, овие проекти на нашата земја ќе и обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени што е во согласност со нашата дологорочна енергетска стратегија. Според него, ова поврзување е значајно, бидејќи ќе обезбеди уште една можност за добивање гас од Азербејџан.

 

– Ова поврзување со Грција со поддршка од САД и ЕУ ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Сето ова ја прави разликата што ја направивме за овие три години. Од земја што беше ставена на последниот, изолиран и маргинален енергетскит колосек и која беше ставеа во ситација да биде зависна од само еден коридор, сега е интегрирана во енергеските проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување, рече премиерот.

Фанон по средбата оцени дека земјава има јасни чекори каде ќе се гради како регионален актер и тоа го поздрави и ја изрази поддршката на САД.

 

– Она што го гледаме овде е навистина трансформативно. Ја гледаме еволуцијата на еден нов енергетски развој. Грција е еден вид предводник во тоа со оглед на инфрастуктурата што ја има за прием на овие ресурси, но гледаме натаму со ваквите приклучоци на помали земји во еден поголем пазар, кој може да ги катализира инвестициските можности што ќе овозможи трансформативен економски прогрес на земјата, но и на целиот регион, изјави Фанон.

Тој информира дека го посетил интерконекторот што ги поврзува Грција и Бугарија, кој ќе го води гасот преку Бугарија и потоа другите приклучоци преку Македонија и изрази задоволство што нашата Влада покажала интерес за вклучување во проектот Александропулос.

– Секогаш кога САД ќе видат опции за енергетика тоа има поширок ефект врз намалуавње на цените и подобрување на стабилноста на снабдување на потрошувачите. С. Мадедонија има таква значајна можност во смисла на гасот, но и за интеграција на обвновливи енергетски ресурси заедно со гасот, потенцира Фанон.

Покрај овој проект, искажана е поддршка и за ставање во функција на нафтоводот Солун-Скопје.

– Раговаравме за повторно ставање во функција на гасоводот Солун-Скопје кој е изграден во 2000 година и кој престана да работи од 2013. Претстојат преговори со Хеленик петролеиум и се надевам ќе изнајдеме пријателско решение за овој капацитет да биде ставен во функција брзо. Хеленик петролеум е заинтересирана да го стави во функција и да го надгради како продуктовод на деривати. На тој начин ќе биде создаден хабцентар и освен домашниот би се снабдувале и пазарите на другите земји од регинот, истакна Заев по средбата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...