4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаСвет„Плаќав кирија 210, а платата ми беше 200 евра“

„Плаќав кирија 210, а платата ми беше 200 евра“

Андрија Милошевиќ гостувајќи во емисијата „Преживеани“ на К1 телевизија зборуваше за своите почетоци и тоа дека на 16 години се запишал на глумачката академија во Црна Гора.

„Сега ми велат дека отсекогаш сум бил таков, но јас не се сеќавам. Знам само дека на приемниот испит на Академијата не знаев ништо за глумата, набрзина го подготвив Његош и уште две песни и тоа беше тоа. Но, знаев дека сакам на тоа да се посветам и тоа ме водеше“, вели Андрија и додава тајната за успехот е да бидеш приземен, но и да верував во своите соништа.

 

„Никогаш не полетав,никогаш не гледав никој со непочитување. Тоа е мое воспитување кое го носам од дома. Ми се случуваа лоши работи, но никогаш не чувствував лутина, секако дека ме болеше, но не дозволив да преовладуваат моите комплекси. Не треба луѓето со скратен ум да ни бидат препреки, туку постојано треба да одите напред, онака како се чувствувате“ вели актерот.

Тој откри и колку му било тешко кога се преселил во Белград со оглед на тоа дека бил млад актер кој немал голема плата.

„Тие почетоци во Белград колку и да беа тешки и без пари, сепак беа среќни“ вели Милошевиќ и додава:

„Ми помагаа колегите и пријателите. Јежда ми подготвуваше појадок, Горан Јевтиќ ми наоѓаше работа, но тогаш кога финасиски ми беше најтешко, јас бев среќен. Живеев во воз една година бидејќи секој ден патував Белград- Црна Гора, за да ги одиграм претставите. Затоа дојдов на идеја да продуцирам претстава. Позајми пари за претставата „Само за твои уши“ затоа што плаќав стан 200 евра, а платата ми беше 210 евра“ вели актерот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...