14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата му пишала казна за неносење маска, тој извадил телефон да ги...

Полицијата му пишала казна за неносење маска, тој извадил телефон да ги сними при што бил веднаш приведен.

Скопјанец што се превезувал со автомобил на магистралата Гостивар-Кичево бил лишен од слобода заради неовластено снимање на полицајци кои претходно го запреле. Скопјанец ќе се соочи со кривична пријава, неовластено снимал полицајци.

Од СВР Тетово информираат дека вчера во 9 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода Н.Ш. (52) од Скопје.

Тој претходно бил запрен, заради прекршок, бидејќи било констатирано дека во возилото во кое се превезувал тој и други сопатници, не носеле заштитни маски.

Н.Ш. и покрај предупредувањето, почнал неовластено да ги снима службениците кои преземале службени дејствија.

По лишувањето, се расчистува и документира случајот, а против Н.Ш. ќе следува соодветен поднесок. Од СВР Тетово апелираат до граѓаните да бидат одговорни кога се превезуваат и да се придржуваат кон пропишаните мерки за заштита и задолжително да носат заштитни маски.

Од таму потсетуваат дека изминатото деноноќие за неносење маски санкционирани се 120 лица од кои 77 во Тетово и 43 во Гостивар. Во полошкиот регион, од воведувањето на мерките со соодветната владина Уредба, за неносење заштитни маски па до крајот на август изготвени се вкупно 8.725 прекршочни платни налози (5.473 на тетовското подрачје и 3.252 на гостиварското подрачје). Најголемиот дел од прекрошоците се констатирани при контрола на возила.

Глобата за овој прекршок изнесува 20 евра во денарска против вредност.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...

Нов пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид

Попладневно, избувна пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид. На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица на град Охрид.

26-годишно момче од село во Македонска Каменица се обидело да силува 68-годишна жена од соседното село !!

На 15.04.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица, постапувајќи по...

Затвореник од Идризово во својот дом ја нападнал сопругата, запалил дел од облеката, ги земал децата и исчезнал

На 15.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од...