11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаРоденден со максимум 10 деца во просторот за играње и без дување...

Роденден со максимум 10 деца во просторот за играње и без дување свеќи

Владата дозволи отворање на игротеките за деца, а тие почнаа да ги повикуваат родителите да ги носат најмилите на забави и прослави. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот е обврска на вршителите на дејноста.

Порталот Deca.mk  ги пренесува правилата и препораките (Протокол број 73) за заштита од Ковид-19 што треба да се почитуваат во игротеките.

Да се отворат установите потребно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опремата и инвентарот.

Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на посетителите при прием и во текот на престојот на посетителите во игротеката. Вработените да се однесуваат одговорно и да се придржуваат кон општите препораки за превенцијата на Ковид-19 (физичка дистанца и употреба на лична заштитна опрема), на работното место и надвор.

Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни места доколку имаат какви било симптоми на болест.

Сите вработени во игротеката се известуваат да не доаѓаат на работа доколку имаат респираторни симптоми (зголемена телесна температура ≥37,5°С, кашлица, отежнато дишење).

Родителите/старателите на децата се известуваат да не доаѓаат во игротеката доколку имаат респираторни симптоми (зголемена телесна температура ≥37,5°С, кашлица, отежнато дишење).

На сите вработени, родителите и деца им се мери телесна температура пред влезот на игротеката и во случај на зголемена температура (≥ 37,5°C) не им се дозволува влез. Истите се упатуваат за понатамошна консултација кај матичен лекар.

Пред влезот на игротеката се поставува дезо-бариера за дезинфекција на обувките која редовно се одржува натопена со дезинфекционо средство.

На влез од игротеката, децата и родителите ги пречекува вработен во игротеката кој е задолжен да се грижи да ги дезинфицираат обувките и рацете.• На влезот од игротеката, во ходниците и просториите за седење и играње се поставуваат едукативно-информативни материјали со насоки за заштита на здравјето и безбедност во центарот.

Сите вработени во игротеката, родителите и децата при влегување во игротеката и за време на престојот таму задолжително носат заштитна маска/покривка на лице (заштитна маска не носат деца од претшколска возраст) и ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар.

 

Се ограничува бројот на деца во делот за играње согласно капацитетот на просторот со цел да се обезбедат по 4 квадратни метри по дете. Максималниот дозволен број на деца во делот за играње во игротеката е 10.

Максимално дозволено време на престој во игротеката на една група посетители е 2 часа.

Сите простории во игротеката задолжително се обезбедени со дезинфекционо средство и се проветруваат често, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на посетителите. За време на престојот во игротеката, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец.

Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните, каде што постои можност, да се отстранат.

Кадифените играчки што да се отстранат и да не се стават во користење.

Играчките, по секоја група на деца, да се дезинфицираат со дезинфекциско средство кое дејствува на вируси според упатство на производителот.

Доколку настанот е роденденска забава, се забранува славеникот да дува свеќи.

Дозволени се само игри на дистанца од 1,5 до 2 м, со аниматор.

Се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).

Се забрануваат поздравувања со физички контакт на вработените во игротеката и меѓу посетителите.

Чистењето на просториите во игротеката се врши пред пристигнувањето на секоја група посетители, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...