5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСемејството Али од Пинтија остана без ништо- Се што спечаливме со мака...

Семејството Али од Пинтија остана без ништо- Се што спечаливме со мака ни отиде за минута, ве молиме за помош

Црни ѕидови, пепел, уништени спомени… Шестчлено семејство од скопска Пинтија остана без дом, откако синоќа пожар го зафати вториот кат од нивната куќа. Со растреперен глас, 27 годишната Љуљета пред камерата на Канал 5 раскажа како за миг се што поседувале, огнот им го одзел. На годишнината од бракот со сопругот вечерале со татко и и брат и во долниот спрат од куќата, кога одеднаш слушнале чудни звуци – пламенот веќе се раширил во сите соби.

“Се се случи за помалку од една минута. Се сомневаат дека инсталацијата е, телевизорот дека експлодирал… Јас работам од дете и сето ова ми е со труд спечалено, а се у една минута изгоре.”изјави Љуљета Али.

Причината на пожарот не ја знаат, се сомневаат единствено во проблем со струјата. Сега немаат ништо бидејќи и онака врзувале крај со крај. Сите се невработени, Љуљета хонорарно работела како готвачка, а нејзинот сопруг во хемиско чистење. Живеат со пензијата на татко и од 12.500 денари. За нов почеток им се потребни пари за облека, апарати за домаќинство, хаус мајстори со добра волја.

“Ова е апел за помош, кој колку може. Видовте и сами, ништо нема останато, ни едно парталче ни едно делче, даска, ништо, ништо…”изјави Љуљета Али.

Љуљета најголемата среќа е што во тој момент, нејзините дечиња кои имаат 4 и 8 години, биле на гости кај свекрва и. Соседите пак се мобилизирале уште од синоќа – го поканиле семејството на спиење кај нив, помогнале во гаснење на пожарот, а денеска го собираат и изгорениот отпад.

“Сите комшии дојдоа, пожарна брзо реагираше…изјави Љуљета Али.

Каде ќе престојувате деновиве? – Еве кај комшиите сите се понудија, еден ден ваму, еден ден таму.”

Оваа млада девојка вели дека сега семејната судбина е во рацете на хуманите луѓе. Не испрати со позитивна мисла дека материјалното ќе се надомести, а следната годишнина од бракот ќе ја дочекаат застанати повторно на нозе.

Сторија на Канал 5

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...