9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Нато ќе ни даде 60 респиратори за да ги излекуваме болните.

Заев: Нато ќе ни даде 60 респиратори за да ги излекуваме болните.

За неговата прва официјална посета на Брисел од реизборот, премиерот Зоран Заев го одбра Северноатлантскиот сојуз, каде Северна Македонија и формално е членка од март оваа година. НАТО се заложи за дополнителна помош за справување со пандемијата од ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, му се заблагодари на шефот на македонската влада, Зоран Заев, за учеството во мисиите на НАТО како и за заложбата до 2024 Северна Македонија да одвои два отсто од својот буџет за одбраната, како што бара Алијансата од сите свои членки.

– Денес можам да објавам дека Северна Македонија ќе добие пакет помош, за справување со пандемијата на ковид-19, од новите залихи ќе се издвојат 60 респиратори и друга итно потребна опрема во вредност од 1,4 милиони евра, ова е солидарноста на НАТО на дело – изјави Столтенберг на прес-конференцијата.

Шефот на Алијансата увери дека таа ќе продолжи да ги мобилизира своите воени капацитети за поддршка кон цивилните напори во борбата против вирусот, како што го правеше тоа и до сега, со обезбедување полски болници, транспорт на опрема и на пациенти кога тоа е потребно.

– НАТО е тука да им помогне на сојузниците и тимот на НАТО нема да дозволи здравствената криза да се претвори во безбедносна криза – рече Столтенберг, потсетувајќи дека, додека трае оваа криза, не исчезнуваат другите предизвици со кои се соочува Алијансата, како хибридните и сајбер нападите, меѓу другото.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...