3.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија треба да учи од Албанија: Граѓаните кои добиа казни за време...

Македонија треба да учи од Албанија: Граѓаните кои добиа казни за време на пандемијата за непочитување на мерките, државата ќе им ги врати парите назад !!!

Албанската влада донесе одлука со која до 15 идниот месец ќе им бидат вратени парите наплатени на име казни, одземените лиценци за работа, возачки дозволи и возила,кои биле изречени во период на пандемија, поради непочитување на пропишаните мерки.

Нормативниот акт предвидува простување на сите административни мерки од казнена природа, изречени од релевантните државни органи за кршење на правилата или подзаконските акти издадени во рамките на мерките преземени за спречување и борба против ковид-19, од 17 април до 7 октомври годинава.

Исто така, им се простуваат сите административни мерки издадени од структурите на единиците на локалната самоуправа на семејствата погодени од природни катастрофи, односно земјотресите од 21 септември и 26 ноември 2019 година, за откриени прекршоци при реконструкција на индивидуални куќи.

Одлуката е донесена по предлог на министрите за внатрешни работи Сандер Лешај, за финансии и економија Анила Денај и за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...