7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Полицијата има право да дојде дома кај вас и да ви...

Филипче: Полицијата има право да дојде дома кај вас и да ви ги преброи гостите !!!

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција истакна дека Комисијата за заразни болести до Владата ќе предложи три нови мерки, за заштита од корона вирусот. Една од мерките, како што истакна министерот, е забрана за масовни собирања во домовите, односно едно семејство ќе може да прими најмногу четворица гости.

Според надлежните, ова не значи дека полицијата ќе шета низ малата и ќе упаѓа во домовите, туку ќе постапува по пријава од соседи или некое друго засегнато лице, односно само тогаш ќе влезе во нечиј дом и ќе ги пребројува гостите.

 

Бидејќи домот, односно неговата „светост“ е заштитена со Уставот, останува нејасно како полицијата ќе ја реализира оваа мерка, без да го наруши правото на приватност.

Адвокатот Јанаки Митровски вели дека оваа мерка не може да се спроведе, односно не е во согласност со Уставот.

-Домот и неговата приватност се светост во секоја држава па и нашата. Неповредливоста на домот е Уставна категорија и таа заштита е предвидена со член 26 од Уставот на РМ. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или
спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.

Одтука не може со законска мерка или одлука на Влада која е хиерархиски под Уставот да се дерогира Уставната заштита, туку единствено со судска одлука или евентуална измена или дополнување на овој член.
Но како што и повеќе пати сме посведочиле, во Македонија се бива. Како ја замислуваат мерката, ќе ми влегуваат дома без наредба за претрес и ќе ме бројат?, изјави адвокатот Митровски за ” Фокус”.

Тој додава дека оваа мерка е неприменлива во пракса.

-Бидејки постои посебно кривично дело казниво по член 206 Непостапување според здравствени проописи за време на епидемија, како исклучок полицијата има право да влезе во дом без наредба поради постоење на основано сомнение дека во моментот се врши кривично дело, имено кршење на прописите за време на епидемија. Но, нема ни теоретски шанси полицијата да знае однапред колку лица има внатре и затоа оваа мерка е неприменлива во пракса, или барем неприменлива без кршење на Уставните одредби, вели адвокатот.

Останува да се почека дали Владата ќе ја прифати предложената мерка.

Валентина Вурмо Извор: Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...