11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаСветБиблија му го спаси животот на верник во бомбардираната ерменска црква

Библија му го спаси животот на верник во бомбардираната ерменска црква

Еден верник имал неверојатна среќа за време на гранатирањето на црквата на Исус Спасителот во Нагорно-Карабах. Имено, верникот бил спасен од Библијата во која се забил шрапнел кој речиси сигурно ќе бил фатален по него.

Младиот Ерменец бил во црквата која се најде на мета на азербејџанската армија и во рацете држел Библија во која се забил шрапнелот на гранатата.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии од Ерменецот кој моментално се опоравува во болница, како и фотографии од Светото писмо на кои се гледа како е забиен шрапнелот.

Да потсетиме, црквата на Исус Спасителот речиси беше целосно уништена во гранатирањето на азербејџанските сили. Станува збор за светско културно наследство, а била изградена во периодот од 1868-ма до 1887-ма година.

Црквата е седиште на епархијата на Нагорно-Карабах при Ерменската православна црква и досега им одолеваше на сите конфликти помеѓу Ерменија и Азербејџан во изминатите три децении.

За среќа иако црквата претрпе сериозна штета, ниту една од иконите и мозаиците не биле оштетени.

Инаку, Ерменците се најстариот христијански народ на светот. Кралството на Ерменија го усвоило Христијанството како службена религија уште во четвртиот век. Со текот на годините, големото кралство на Ерменија се намалувало, а на неговото место доаѓале големите царства – Отоманското и Персиското.

За време на Првата светска војна, над Ерменците е спроведен систематски геноцид од страна на Османлиското царство, а интересно е тоа што денес Турција е директен поддржувач на агресијата на Азербејџан врз етничките ерменци во Нагорно-Карабах.

Извор Точка.мк

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...