8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерот за транспорт не е сигурен кога ќе се заврши автопатот Кичево...

Министерот за транспорт не е сигурен кога ќе се заврши автопатот Кичево -Охрид

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, не е сигурен кога ќе биде пуштен во употреба, односно кога ќе заврши изградбата на автопатот Кичево – Охрид, кој започна да се гради во 2014 и државата ќе ја чини 600 милиони евра. Како што спомена министерот, не може да се обврзува со давање на рокови за делницата од 55 километри, но вели дека динамиката на изградба е во нагорна линија.

– Таму процентот на реализација по првиот проект, таков каков што е , го знаете сите, многу го дискутиравме, е 85 проценти, но после репроектирањето и сите додатни работи што се случија како клучки и нови косини некаде процентот на реализација е 55 отсто. Вчера на терен во Кичево имавме 230 градежни машини и 820 инженери и работници на Кичево – Охрид. Сакам да нагласам дека динамиката оди по нагорен тренд, но треба да се направи експропријација на сите придружни делници, вели Бочварски.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, пак вели дека има застој што се однесува до реализацијата на тој пат со изведувачот на работењето на овој европски коридор кој треба да не поврзе со Албанија.

– Ние скоро секојдневно контактираме со нив, за да го деблокираме тој застој и да почне реализацијата, чија реализација влијае и врз нереализацијата на капиталните инвестиции, смета Бектеши.

Завршницата на автопатот првично беше најавена за 2021 година. Сепак неколку години по почетокот на неговата изградба се утврдија сериозни пропусти во проектната документација, во која требаше да се додадат нови клучки и косини. Вредноста на првичните 400 милиони евра се искачи на околу 600 милиони евра.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...