10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски за спас на својата фотелја го загрозува здравјето на своите партиски...

Мицкоски за спас на својата фотелја го загрозува здравјето на своите партиски членови и граѓаните, реагира СДСМ

За да ја спаси фотелјата во белиот дворец, губитникот Христијан Мицкоски го загрозува здравјето на сопартијците, но и јавното здравје, се вели во соопштението на СДСМ, кое доаѓа по вечерашниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Скопје.

– Во време кога државата се соочува со есенски бра на коронавирусот, Мицкоски без срам организира собири, лицемерни протести на кои не се почитува мерката за задолжителна дистанца, а мерката за задолжително носење заштитна опрема, масовно се прекршува.

Таквото крајно неодговорно, себично, незрезло и несовесно однесување не е ништо ново од Мицкоски, тој и во време на забрани и вонредна состојба ширеше лажни вести, ги прекршуваше мерките и задолженијата и се обидуваше истите да ги прикрие.

На Мицкоски не му е важно здравјето на граѓаните, воопшто нее загрижен за состојбата со коронавирус, негова единствена цел е да ја зачува фотелјата во белиот дворец по секоја цена иако пред јавноста вети дека ќе даде оставка ако не победи на изборите и не формира влада.

Заради лицемерниот однос, заради дејствувањето против здравјето и интересите на граѓаните, Мицкоски три пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција, се вели во соопштението на СДСМ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....