10 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПремиерот Заев и министерот Филипче во врска со прославите и свадбите: Дијалогот...

Премиерот Заев и министерот Филипче во врска со прославите и свадбите: Дијалогот е започнат, заедно ќе ги најдеме најдобрите решенија за да не се загрози здравјето на граѓаните а свадби дали ќе има не се знае…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, од претставник на Комисијата за заразни болести и од националните координатори за култура и за комуникации, попладнево одржа работен состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, претставници на ноќните клубови и претставници на дел од музичарите кои настапуваат на естрадата.

На средбата засегнатите страни ја поздравија конструктивноста и отвореноста на Владата и изразија разбирање и свесност за ризиците кои групирањето на граѓаните на отворени и затворени простори ги носи по јавното здравје. Во исто време, премиерот Заев и претставниците на Владата демонстрираа запознаеност и разбирање за економските ризици и загуби кои се случуваат во дејноста прослави и свадби.

После покажаното меѓусебно разбирање и конструктивниот разговор, заеднички е констатирано дека со оваа средба дијалогот е започнат и дека во периодот којшто следува претставниците на рестораните за прослави и свадби и ноќните клубови, како и претставниците на музичарите кои настапуваат во нив, до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела на Владата, од економски и од здравствено-епидемилошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби.

Заедничка цел на вклучените во дијалогот е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните во услови кога коронавирусот e во експанзија насекаде низ регионот и Европа, да се оневозможат услови за дополнително зголемување на бројот на заболени и со тоа на бројот на смртни случаеви, а во исто време да се најде заедничко решение за поддршка на засегнатите во дејноста прослави и свадби која е меѓу најпогодените, со цел намалување на економската штета.

пишува влада.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...