13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЕстрадаЈордан Митев: Јас сум од земјоделска фамилија, и да е забрането пеењето...

Јордан Митев: Јас сум од земјоделска фамилија, и да е забрането пеењето јас знам и друго да работам !!

Според одлуката на Владата за новите протоколи, се забранува гостување на ди-џеи и пејачи, во угостителски објект ќе можат да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.

Многу музичари го кренаа гласот и јавно порачаа дека се наоѓаат во тешка ситуација за што веќе размислуваат и за друга работа.

Еден од најпознатите македонски фолкери кој е меѓу најомилените во дијаспората, Јордан Митев даде интервју за Фокус во кое што меѓу другото вели:

-Сметам дека додека ова заврши, треба да истраеме. Иако летово се обидоа со организирање на некои настани со познати балкански ѕвезди, сепак тие кои сме подобро информирани, знаеме дека тие нивни настапи поминаа на сила, со некоја симболична посетеност.

Што значи тоа? Тоа значи дека народот е исплашен и моментално нема расположение за не знам какви ли не журки и забави. Расположението на одредена мала група на луѓе не може да се земе како општо расположение – појаснува музичарот.

Додава дека се надева како протестот ќе помогне за да наши музичари кои настапуваат во помали објекти, ќе можат да продолжат со настапи според строго утврдени протоколи, но себе не се гледа таму.

-За мене лично, додека не се пуштат настани со присуство на повеќе луѓе, свадби, турнеји, ќе морам да стагнирам со работата. Ако сум принуден, ќе барам и друго чаре во животот.

Животот е борба за секој од нас. Значи, додека се нормализира состојбата, би работел нешто друго кое не е поврзано со музика, бидејќи не е здраво човек така да си го губи времето.

Јас сум од земјоделска фамилија и знам како е да се работи и нешто друго. Верувам во себе, бидејќи доколку од ништо направив успешна музичка кариера, ќе можам и во други води успешно да пливам!

Ако не знам, ќе научам! – вели Митев, порачувајќи им на своите колеги кои тврдат дека освен од музика, не можат да заработуваат од друга професија, колку порано се соочат со вистината, толку повеќе време ќе им остане да преземат нешто околу егзистенцијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...