14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЗахариева: Сега треба РС Македонија да ја признае историската реалност за нејзиниот...

Захариева: Сега треба РС Македонија да ја признае историската реалност за нејзиниот нов идентитет и јазик

Бугарија прва ја призна независноста, тогаш на Република Македонија и одамна ја прозна современата политичка реалност. Секогаш ја поддржувала независноста и државниот суверенитет на РС Македонија, никогаш немала територијални претензии и никогаш не го оспорила правото на самоидентификација на нејзините граѓани, изјавила министерката за надворешни работи Екатерина Захариева по средбата со министерот Бујар Османи во Софија.

Затоа, според Захариева, неумесно е да се обратни тези, како меѓу граѓаните на двете земји, така и на меѓународен план. Како што пренесува БГНЕС, таа кажала дека „сега е неопходно од страна на РС Македонија да се признаат историските реалности, поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет“.

„Бугарија не сака ништо повеќе освен да се исполнат клаузулите од Договорот за добрососедство. Каква е клаузулата за јазикот во Договорот, така сакаме да биде во сите документи меѓу двете држави. Немаме никакви нови претензии. Апелирам и се надевам да не се создаваат проблеми таму каде што ги нема“, изјавила Захариева

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...

Како за Бајрам така и Велигден- Бесплатно шишање за сите деца од Православна вероисповед

Како за Бајрам така и Велигден. Почитувани мои Охриѓани, се ближит големиот Православен празник-Велидген. Одлучивме заедно со Берберот Емин Алим од "Barber shop Shogun"на 28.04.2024 (Недела)во...

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...