6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Докторите се преморени од борбата со ковид-19 и затоа ги напуштаат...

Филипче: Докторите се преморени од борбата со ковид-19 и затоа ги напуштаат клиниките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни дека заминувањето на медицинскиот кадер од  државните клиники е резултат на нивната премореност во борбата со ковид-19.

–  Изморени од борбата со ковид-19, доктори си одат или најавуваат заминување од државната клиника – рече Филипче.

Тој информира дека отказ најавила и шефицата на Одделот за инфективни болести во болницата „8 Септември“,Патриција Каламарас.

– Јас разговарав со неа, но таа е решена да замине. Таму има други двајца инфектолози, размислуваме и веќе разговаравме за начинот на кој ќе се појача тоа одделение. Засега заедно со интернистите, имајќи го во предвид овој број на пациенти кој што е хоспитализиран таму и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволни. Но, спремни сме да интервенираме со системот на ротација доколку е потребно било кое одделение да се поддржи – рече Филипче.

Тој рече дека и сестрите кои минатиот викенд најавија заминување,  потврдиле дека ќе одат во приватни клиники.

Министерот за здравсртво рече дека на нивно место веќе дошле нивни колеги.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...