6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаРамковните ќе седат дома и ќе земаат плата - а имаат право...

Рамковните ќе седат дома и ќе земаат плата – а имаат право и да одбијат работа,никој неможе да ги избрка

Немало законски начин како да им се даде отказ на т.н. рамковни вработени, ако одбијат работа во некоја од институциите. И покрај тоа што 1.350 луѓе со години земаат државна плата, а седат дома, не можат да бидат избркани – потенцира вицепремиерот Артан Груби. Непосредно пред напуштањето на функцијата, тогашниот министер за администрација Дамјан Манчевски рече дека за 3 месеци ќе се најде решение за овие луѓе, а ако тие не сакаат конечно да тргнат на работа, ќе им бидат прекинати договорите. Сега Груби тврди дека треба да се донесе посебен закон за оваа категорија административци.

„Нема законска можност за тоа да се реализира, за жал. Во некои од институциите самите вработени не сакаат да одат, во некои други случаи, институциите не ги прифаќаат затоа што би преферирале нови вработувања. Затоа и најавив усвојување можеби на посебен, специјален закон, само за оваа категорија, со кој би било обврзувачки, и институцијата и вработениот да го прифатат распределувањето“ – вели Груби.

Рамковните седеле дома, но не по нивна вина – вели Груби и покрај тоа што признава дека тие одбиваат работа. Некои од нив не ги примале ниту институциите. Процесот бил почнат, но не сакаше да каже кога ќе заврши. Неблагодарно било да се даваат крајни рокови за финиш на овој долгогодишен процес.

„Неблагодарно е да зборуваме за рокови, 2, 3, 5, 6 месеци, но е апсолутен приоритет на Владата. Го има во владината програма, во нашата партиска програма и з амене претставува приоритет распределување на тие што земаат плата, а седат дома, не по нивна вина“ – вели Груби..

Груби истакна дека ќе се залагал да нема нови вработувања во администрацијата, се додека не се решат рамковните. Сепак, ситуацијата на терен е поинаква. Секојдневно има огласи за ангажирање на нови кадри. Последното истражување на Центарот за граѓански комуникации покажа дека вработувањата во министерствата се зголемиле за 3% во последните три години или за 540 луѓе.

Прилог на Тв Алфа

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...