5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Нема ништо лошо во тоа пратениците да работаат од дома, со...

Филипче: Нема ништо лошо во тоа пратениците да работаат од дома, со тоа ќе си го заштитат нивното здравје и здравјето на останатите околу нив.

Откако и пратеникот од СДСМ Лазе Таневски по Исмаил Јахоски од ДУИ денеска потврди дека е позитивен на коронавирус, министерот за здравство Венко Филипче денеска кажа дека има препорака Собранието да работи онлајн, без физичко присуство отсега натаму, дури не стивне пандемијата.

Така пратениците ќе си го заштитат првенствено своето здравје, ќе го избегнат групирањето и не гледам зошто би имало пречка своите обврски да ги извршуваат од далечина, како и сите, рече тој.

На прашање дали и кои пратеници ќе одат во изолација по позитивните тестови на Исмаил Јахоски и на Лазе Таневски, одговори дека ќе се знае денеска по спроведувањето на епидемиолошките анкети.

Вчера претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш откако Јахоски го информирал дека е позитивен и е хоспитализиран, му се јавил да побара мислење од претседателот на комисијата за заразни болести Жарко Караџовски. Веднаш е почната анкета со пратениците за контактите со него, на која ќе се надоврзат и контактите со Таневски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...