9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаДимова: Не давам оставка, сме давале европски пари и претходно на фризерски...

Димова: Не давам оставка, сме давале европски пари и претходно на фризерски салони

Лидија Димова порача дека нема да поднесе оставка како директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за доделените европски пари за случајот „фризерница“. Таа рече дека не може да ги избрише доказите за евентуална афера доколку остане на функцијата, затоа што, како што вели таа, тие се чуваат во базите во Брисел.

– Станува збор за грант и не е за фризерница, тука на претпријатието ВЕЗ Трејд на сопственикот Зоран Златковски.  Дури и да беше фризерница, во Еразмус ние сме давале грантови на фризерски салони и тоа не е ништо спорно. Се дава впечаток дека директорката е таа која ги дава парите. Директорката не ги дели парите, туку по строго утврдени правила кои ги определува Брисел.  Ние добиваме посебен прирачник, каде што се сите правила околу оценување на проектите. Прво се добиваат проектните апликации, потоа се прави техничка проверка од програмските службеници. Потоа следува процес на оценка на квалитетот која ја прават надворешни соработници избрани на јавен конкурс од страна на независен странски тим од кој се изземав јас како директор од целиот тој процес. Проектите автоматски се доделуваат, така што процесот има двојна контрола, рече Димова на денешната онлајн-конференција.

За проектот со тренирање на магариња, за кои беше обвинета од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека тоа е смислено масло на адвокатот Александар Тортевски.

– За проектот со магариња, не е смешен колку што сакаше да се направи смешно во јавноста, таа небулоза излезе од господинот Тортевски. Му скративме средства за еден проект и тоа има задна намера. Во европски рамки на пребарувачот може да се види дека има 15 проекти кои се поврзани со магариња. Не се тие пари кои ги зема само училипштето, туку ги земаат организации кои меѓусебно си ги делат парите, па износот не е толку голем, рече Димова.

Извор Фактор.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...