5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЕвропската комисија отвори официјална истрага за наводната злоупотреба на Европските фондови во...

Европската комисија отвори официјална истрага за наводната злоупотреба на Европските фондови во Македонија

Европската Комисија (ЕК) отвори истрага за случајот со наводна злоупотреба на ЕУ фондовите Еразмус плус од страна на Националната агенција за европски образовни програми во С.Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во изјава за МИА, портпаролката на ЕК за образование, Сузан Конзе, посочи дека Комисијата е запознаена со случајот.

-Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад, изјави Конзе за МИА.

Европската Комисија во моментов не може да даде повеќе детали за истрагата додека е во тек, но она што е познато е дека во случај да биде утврдена криминална злоупотреба на фондовите, случајот ќе биде испратен до ОЛАФ, европското тело за борба против измами.

Од Комисијата за МИА објаснуваат дека доколку биде утврдена „само нерегуларност во трошењето, како на пример процедурална грешка“, тогаш државата мора да ги врати финансиите назад во ЕУ. При апликација за фондовите Еразмус плус, државата е гарант за овие пари во случај на нерегуларност или измама и е обврзана да ја врати целокупната сума.

Брисел исто така врши редовни финансиски ревизии, како и годишен мониторинг за трошењето на бриселските фондови.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...