9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСудот во Охрид ќе одлучува дали Зоран Милевски Кичеец ќе добие одложување...

Судот во Охрид ќе одлучува дали Зоран Милевски Кичеец ќе добие одложување на затворската казна

spot_imgspot_img

Зоран Милевски Кически вчера и денес не се појави во затворот „Скопје“ каде што треба да одлежи затворска казна, иако според упатниот акт тоа требаше да го стори на 12-ти октомври.

Од Кривичниот суд денеска информираа дека Кичеец поднел баарање за одложување на извршувањето на казната затвор, но појаснуваат дека одлуката треба да ја донесе судот во Охрид.

-До надлежниот судија за извршување санкции кој го издал упатниот акт со кој З.М. требало на 12.10.2020 година да се јави на издржување на затворската казна во КПУ Затвор Скопје, од страна на осудениот е доставена молба за одлагање на правосилно изречената казна затвор, јави Фокус.

Истовремено осудениот го известил судот дека по приемот на Упатниот акт истиот ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид, па согласно одредбите од Законот за извршување санкции и тоа член 7 ст. 2 и член 137 ст. 1 од ЗИС, за одлучување по барањето за одлагање како и понатамошното постапување по предметот наделжен според адреса на живеење на осудениот е Основниот суд во Охрид, каде предметот е веќе испратен, велат од судот.

Кичеец по признание на вина во случајот „Рекет“ беше осуден на три години затвор.

извор: Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...