14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаАдвокатот потврди: Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19, судењето повторно е одложено...

Адвокатот потврди: Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19, судењето повторно е одложено !!!!

Поранешниот директор на УБК и обвинет во неколку случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство, Сашо Мијалков е позитивен на Ковид-19.

Неговиот адвокат Љупчо Шврговски за „Фокус“ потврди дека на Мијалков му било соопштено дека неговиот тест е позитивен, но се уште немал добиено решение. Шврговски не знаеше како ќе биде третиран Мијалков дали болнички или во домашни услови, а вели дека се тестирал на Инфективната клиника. Се заразил од својата сопруга Александра Мијалкова која била позитивна на Ковид -19, а од вчера Мијалков имал покачена температура и сува кашлица.

– Advertising –

Шврговски вели дека тие како негови адвокати иако контактирале со него нема да одат во изолација бидејќи комуницирале на дистанца, а Мијалков постојано носел маска. -Тој беше особено внимателен постојано одржуваше дистанца и носеше маска, мислам дека нема да има потреба да одиме во изолација, вели Шврговски.

Неофицијално, позитивен на корона е уште еден адвокат на обвинети во случаи на Специјалното јавно обвинителство. Денешното рочиште за случајот „Тергет-тврдина“ за масовното прислушување, во којшто е обвинет Мијалков беше одложено поради неговите симптоми на корона.

фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...