13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветАлбанија воведува задолжително носење маски на отворено, следат и казни

Албанија воведува задолжително носење маски на отворено, следат и казни

Од утре во Албанија носењето заштитна маска станува задолжително и на отворен простор, а за непочитување на мерката предвидени се парични казни.

Предлогот го даде Комитетот за справување со пандемијата со ковид-19, а врз основа на одлуката на Владата, во која се наведени препораки како,каде и кој се треба да носи заштитна маска, како и казните предвидени за оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка.

– Заштитна маска или марама задолжително треба да носат сите и насекаде освен децата до 11-годишна возраст. Од оваа мерка се изземаат единствено оние на кои носењето маска им штети врз здравјето, но за тоа треба да поседуваат медицински документ, лица кои сами се движат со велосипед или мопед, за време на спортски тренизи, во возило само доколку оние што се во него се од исто семејство, пливање во базен, езеро или море, во домовите кога се само деновите на домаќнството – рече Албана Фиќо, директорка на Институтот за јавно здравје.

Додаде, тоа значи дека маската станува „задолжителен придружник“ насекаде и апелраше тоа да се почитува за да се спречи ширењето на опасниот вирус.

Објаснувајќи ја ова мерка таа рече дека за непочитување предвидена е парчна казна од 25 евра, додека за секој повторен прекршок казната ќе изнесува 40 евра.

Од крајот на минатиот и овој месец бројката на новозаразени во едно деноноќие постојано е во пораст. Така, вчера беа дијагностицирани 182 лица позитивни на ковид-19 што е највисока бројка на новозаразени во едно деноноќие досега.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...