8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветГејтс: Животот ќе се врати во нормала само по втората генерација вакцини

Гејтс: Животот ќе се врати во нормала само по втората генерација вакцини

Бил Гејтс рече дека „единствениот начин на кој целосно ќе се вратиме во нормала е, можеби не првата генерација на вакцини, но на крај високо ефективна вакцина која ќе ја земат многу луѓе и болеста ќе се елиминира на глобално ниво“.

„Само тогаш конечно ќе можеме да се справиме со проблемите што се појавија за време на пандемијата, во образованието и менталното здравје и да започнеме да се враќање на старо на позитивен начин“, рече Гејтс во интервју за Ен-би-си, додавајќи дека првата генерација на вакцини можеби нема да биде доволно ефикасна и дека враќањето во нормала ќе биде можно само по втората генерација вакцини.

Ова значи дека многу години ќе треба да се живее водејќи се од епидемиолошките мерки. Новото предвидување на Гејтс е всушност помрачно од она што го даде за Фокс пред еден месец, кога рече дека со развојот на вакцина животот може да се врати во нормала до летото 2021 година.

Гејтс очекува првата генерација на вакцини да биде одобрена по итна постапка до почетокот на 2021 година.

Тој ги критикуваше и постапките на Соединетите Држави со кои се обидува да се реши проблемот со заразата и ги нарече едни од најлошите во светот. „Морам да признаам дека не направивте добра работа и не спроведовте јасни промени“, рече Гејтс.

Тој заклучи дека терапијата што ја прими Трамп не треба да се нарекува лек бидејќи не делува на секој пациент, но призна дека се работи за терапија што се покажала како најефикасна во лекувањето на заразата со коронавирус, рече тој во интервјуто за Ен-би-си.

mkd.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...