10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридГрадоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески престојуваше во официјална посета на Општина...

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески престојуваше во официјална посета на Општина Корча

Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески денес престојуваше во официјална посета на Општина Корча, Република Албанија.

Како една од главните теми на кои се разговараше на работниот состанок со градоначалникот Сотираќ Фило беше процесот на утврдување на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на Европската Унија за периодот од 2021 до 2027 година.

На состанокот се разговараше за потребата од дефинирање на заедничка стратешка визија за развој на општините Охрид и Корча која ќе биде во насока на иден прогрес на прекуграничниот регион.

Двајцата градоначалници се согласија дека креирањето и имплементирањето на заеднички проекти треба да биде во корелација со регионалните политики и истите треба да имаат позитивни придобивки за граѓаните од меѓуграничниот регион на двете држави.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани

Гласачките места се отворија во 7 часот, право на глас имаат 1.814.317 граѓани.. Во 7 часот почна гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори....

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...