14.6 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректорката на Инфективна: Ние им соопштуваме на фамилијата дека пациентот почина од...

Директорката на Инфективна: Ние им соопштуваме на фамилијата дека пациентот почина од корона, тие не верувале во вирусот и не убедуваат дека е починат од негрижа или од невнимание!!

Директорката на Клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ, вчера во своето гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма, рече меѓу другото дека лекарите постојано им укажуваат на граѓаните дека мора да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, но за жал, многумина се уште веруваат во теории на заговор.

„Ние имаме континуирни појавувања по медиумите во сите овие изминати денови, или лични објави, бидејќи има лекари кои контиуирано на своите лични профили објавуваат едукативни пораки, кои се некомплицирани, едноставни, практични. И навистина, досега во овие седум месеци, ваков континуитет, не верувам дека станува збор за неинформираност. Кој на што ќе одлучи да верува, исто така не можете да влијаете“, рече Стевановиќ.

Таа откри еден интересен случај кој го имале на Инфективната клиника.

„Ние само пред неколку дена имавме случај кога еден член од семејство починува во болница, а другите членови на неговото семејство и понатаму не веруваат дека е тоа ковид-19 и дека е тоа нешто за што не се водело грижа и внимание“, рече Стевановиќ.

Таа смета дека веројатно секогаш ќе има извесен број на популација која нема да верува дека вирусот постои и на кои полесно ќе им биде да веруваат во заговори и да го негираат она што го кажуваат здравствените власти и професионалците.

„Навистина не гледам како ние тука би делувале. Кога поголемиот дел од луѓето ќе сакаат да веруваат, но и да го почитуваат и да го спроведуваат она што го кажуваме, ќе бидеме добро“, објаснува директорката на Инфективна.

Во моментов, како што информираше, на Инфективната клиника има 95 хоспитализирани пациенти, што е близу до максималниот капацитет на клиниката.

„Во последниве денови приемот е од 13 до 14 пациенти. Се разбира, континуирано се испишуваат пациенти кои се оздравени, но сега во овој нареден период тоа нема да биде така интензивно, така што таа динамика колку што сме примиле толку и да испишеме нема да можеме да ја следиме секој ден, со самото тоа што ќе има прием на нови пациенти, па нивниот третман ќе изискува повеќе време, што значи дека за многу краток период капацитетитот на клиниката секако ќе биде комплетно пополнети. Но, подготвена е и модуларната болница комплетно за прием на нови пациенти. Таму во моментов нема пациенти, бидејќи уште постојат капацитетите на клиниката“, објасни Стевановиќ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...