9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗабава''И Оливер Спасовски се повлекува од политика, ќе отворал фризерски салон''

”И Оливер Спасовски се повлекува од политика, ќе отворал фризерски салон”

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по примерот на неговиот сопартиец и поранешен министер за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски, реши да се повлече од својата функција во Владата и кариерата да ја продолжи во приватниот сектор.

– Фризурите се моја пасија уште од тинејџерските денови. Тие што ме паметат од тој период знаат дека секогаш сум посветувал особено внимание на мојата коса, имиџ кој ме следи и ден денес. Токму затоа, сметам дека сум доволно зрел да го остварам својот тинејџерски сон и својот талент да го споделам со другите. – рече Спасовски во обраќањето до јавноста.

Одлуката за повлекувањето му ја соопштил на својот шеф, вицепремиерот Артан Груби, кој му посакал многу успех во понатамошната работа и му честитал на храброста да ги следи своите детски соништа, а како подарок за полесен почеток на новата работа му доделил грант од 200 000 евра од програмата Еразмус+.

Текстот е измислен со цел малку да ве насмее во овие тешки денови…

Извор: Коперација

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...