5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаIn memoriam: Ненадејно почина Борис Џепароски човекот кој со моторна пила го...

In memoriam: Ненадејно почина Борис Џепароски човекот кој со моторна пила го изработи ликот на Св. Наум

Охрид, 14. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 47 годишна возраст, во Германија ненадејно почина македонскиот и охридски уметник Борис Џепароски, човекот кој имаше ретка дарба да создава уметнички дела со моторна пила.Џепароски создаваше дела главно од масивно дрво на кое му даваше душа. Животот го помина на релација Охрид-Франкфурт, каде што беше на привремена работа, и иако немаше претходно уметничко образование, создаваше врвни дела.

Пошироката јавност го запозна во 2006 година, кога ја изработи скулптурата на Свети Наум во природна големина, на влезот од манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Ја работеше на своја иницијатива, но со благослов и поддршка на отец Нектариј, старешина на манастирот. Набрзо стана вистинска атракција за посетителите. Самиот тој ја означува како негово врвно и капитално остварување.

-Скулптурата ја работев во еден интензивен занес, само петнаесетина часа со моторна пила, а беше осветена на празникот Богојавление- Водици во 2006 година. Јас не сум уметник по образование, ама сакам да создавам дела, велеше скромно за себе Борис Џепар.

Со моторна пила има изработено многубројни уметнички дела во својата Република Македонија, која неизмерно ја сакаше, но и во втората татковина и негов втор дом- Германија.

Џепар, како што го знаат охриѓани се обиде и како дизајнер во изработка на камен. Во знак на голема почит кон Тоше Проески, тој изработи гитара од посебен вид бел и црн камен, која е поставена крај неговиот гроб во Крушево.

извор: ОхридПрес фото: архива

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...